Прекрасната диско ера на 70 – тите го инспирираше Кристијан Лубутан да создаде впечатлива колекција преполна со бои и фантастични колор – блок моменти кај чевлите.

Во колекцијата дизајнерот смести неодоливи шарени потпетици, кратки чизми со крзно во боја, чизми од превртена кожа во различни бои, Mary Jane модели на чевли од змиска кожа и секако високи чизми кои се едни од најпосакуваните за следната сезона.

Како што самиот дизајнер ќе каже, за оваа колекција се инспирирал од диско клубот Le Palace во Париз каде се случувале некои од најлудите забави во светот и каде оделе голем број на познати личности од светот на модата, музиката и уметноста.

„Наместо да се трудат да изгледаат нормално, сите кои доаѓаа таму беа опуштени, разиграни, со свој став, со посебен стил... Жените си играа со нивната женственост, а токму тоа и јас сакам да го порачам со оваа колекција“, вели дизајнерот.

 

Објавено:
11 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
520 пати