Додатоците за коса кои Скандинавките ги обожуваат сезонава

29 јануари 2021

Девојките од Северот стојат рамо до рамо со Французинките кои беа (и се познати) по својот обликуван стил на носење, одење, однесување, живеење. Иако различни, сепак Скандинавките претставуваат конкуренција за парижанките, а препознатливи се по минимализмот и онаа капка кич која само тие умеат да ја претворат во модно освестена комбинација. Покрај многу инспиративни моменти кои ги носат на социјалните мрежи, издвојуваме една: Кои се нивните омилени додатоци за коса периодов и како да ги комбинирате?

Големи панделки

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@annawinck)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marie Hindkær (@mariehindkaer)

Будејќи ги малите девојчиња во себе, скандинавските блогерки ни оваа сезона не ги изоставите oversize панделките за коса. Во форма на штипка или ластиче, големите пандели се совршен елегантен детаљ на некоја едноставна комбинација.

Scrunchie ластиче за коса

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by VH. (@vivianhoorn)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@lottaliinalove)

Зборуваме за оние набрани ластичиња за коса кои имаат интересна боја, текстура, дезен. Одлично ќе се вклопат со едноставна кошула или џемпер во овие зимски денови, а ќе донесат малку боја во изгледот.

Големи украсни шноли

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nina Sandbech (@ninasandbech)

Повторно, тренд кој веројатно го паметите од детството, но украсните шноли последниве години го живеат својот подем. Големи, по две или три, со бисери, графички принт или седефасти – кога не знаете што да правите со косата, ќе ви го спасат денот.

Штипки за коса

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maren Schia (@marenschia)

Веројатно не помислувавте дека ќе ги носите надвор од дома, но големите штипки за коса се истуркаа помеѓу трендовите и го користат овој момент додека седиме дома да станат вистински моден/бјути хит. Па ако досега ја носевте само за да ја приберете косата додека ставате креми за хидратација пред спиење во бањара, сега размислувајте пошироко.

 

 

Објавено:
29 јануари 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.429 пати