„Две шмизле“ – нова продавница за накит во Скопје

27 декември 2016

Љубителите на модните додатоци несомнено ќе ги израдува информацијата дека неодамна се отвори нова продавница за накит - „Две шмизле“. Се работи за парчиња од истоимениот и познат српски бренд, кој сега им е достапен и на Македонките.

Инаку, „Две шмизле“ постои од 2002 година и се занимава со дизајнирање и изработка на модерен накит. Својата работа ја прошири и надвор од границите на Србија, благодарение на онлајн шопот, но и развиената мрежа на франшизи, а сопственичката на франшизата за Македонија е младата Ксенија Николова.

Токму со неа поразговаравме за ова ново модно катче, што веруваме многу бргу ќе им стане омилено на голем број дами.

На прашањето, од каде идејата да се донесе еден ваквов бренд во Македонија, Николова ќе каже:

-Идејата се случи поради генералниот недостаток на избор на нашиот пазар кога станува збор за накит. Мислам дека Македонија имаше потреба од еден ваков бренд и дека истовремено заслужува да има доволно голем избор за секој потенцијален купувач. Носењето на брендот не беше воопшто едноставен процес, напротив, беше доста комплициран и долг, се внимаваше на секој детаљ и се трудевме целата идеја да биде изреализирана на најдобар можен начин.

Таа додава дека се работи за исклучително трендовски и пред сè, уникатни парчиња накит.

- Накитот на„ Две Шмизле“ се изработува од различни материјали. Дел од него е се изработува со кристалите на „Сваровски“ со кои „Две Шмизле“ има директна соработка и ги користи за дизајнирање на дел од своите артикли. Остатокот е изработен од полускапоцени камења, стакло, кожа, дрво и циркони. Она што го издвојува накитот на брендот е уникатниот дизајн и постојаната иновативност која се должи на фактот дека, секое парче е рачно изработено во нивната лична мала фабрика во Белград – нагласува Ксенија.

Како некој што често патува и ги следи трендовите во овој сегмент, ја прашавме дали девојките во Македонија знаат да препознаат добро парче накит:

- Секој си го одбира најдоброто за себе. Сите си имаме потреба од различни работи и се гледаме себеси на различен начин. Јас сум само среќна што во Македонија се внимава на малите нешта, бидејќи имено, тие ја креираат големата слика – смета Николова, која и самата се придржува кон тоа.

-Јас приватно носам накит, особено детали за косата. Вљубена сум во венчињата и шнолите, сакам ланчиња, понекогаш и обетки и алки. Како и да е, стојам зад тоа дека малите работи ги прават големите нешта и затоа  треба да се внимава на сè.

Во пресрет на новогодишната ноќ, ја прашавме оваа млада дама, која е совршената комбинација за тренди и впечатлив изглед:

- Новогодишната ноќ е голем момент и кога станува збор за накитот, секој си го одбира своето парче во зависност од амбиентот и начинот на кој ќе си ја дочека таа ноќ. Ние имаме парчиња за сите стилови, така што секому ќе му биде предложено она кое најмногу ќе му одговора според околностите – вели сопственичката.

Таа додава дека во ова царство на модни додатоци, секоја дама може да најде нешто по својот вкус.

-Мислам дека брендот нуди за секого по нешто. Секако, за вкусовите не се диксутира, така што јас не би навлегувала во деталите околу тоа, едноставно би ги поканила сите што сакаат и имаат желба да си одберат нешто убаво од светот на накитот и модните додатоци, да дојдат во „Две Шмизле“ – порачува Ксенија.

А вие што сè уште не сте ја комплетирале својата новогодишна комбинација, или пак сте љубопитни да видите што има во понудата на овој бренд, упатете се кон трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Капиштец на првиот кат и бидете „оригинални и поинакви“, како што е и мотото на брендот.

 

*спонзорирана објава

Објавено:
27 декември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.444 пати