Џенифер со новата евтина колекција обувки за DSW

5 октомври 2021

Џенифер Лопез ја продолжи соработката со брендот за обувки DSW. Oд сандали, до топли чизми, 52-годишната пејачка, актерка, танчарка, а сега и дизајнерка, креираше обувки за жени со различни стилови.

Интересно е тоа што цената на обувките се движи од 40 до 160 долари, со што од брендот се потрудиле навистина да бидат достапни за секоја жена.

Откако претходната, која беше со повисоки цени, направи голем успех, тие одлучија да направат уште една, со цени што ќе обединат уште поголем број потрошувачи.

Новата колекција е презентирана со интересно видео и едиторијал, а можете да ги погледнете во продолжение:

 

 

Објавено:
5 октомври 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.648 пати