Џиџи Хадид и Стјуарт Вајцман имаат нова колекција чевли

27 октомври 2016

Таа е една од најбараните манекенки на денешницата, а тој дизајнер на чевли какви што секоја дама може да посака.

Џиџи Хадид и Стјуарт Вајцман работеа на нова заедничка колекција составена од неколку чифта чизми во црна, кафена и сребрена нијанса со врвки во предниот дел.

За да го прослави лансирањето на колекцијата, брендот сними и кратко видео режирано од Џејмс Франко, а во истото можеме да ја видите прекрасната манекенка како боксува во нејзините омилени нови чизмички.

Она што е супер е тоа што дел од средствата од продажбата ќе бидат наменети за изградба на три училишта кои брендот планира да ги изгради во Гана, Гватемала и Лаос.

„Кога ги создавав моделите мислев на себеси во Њујорк, додека брзам да стигнам секаде и преку ден и навечер. Го смислив дизајнот во мојата глава, но кога требаше да ги направиме изгледаше малку потешко“, вели манекенката за Вог.

Таа појаснува дека нејзините модели на чевли можете да ги носите и со спортска и со елегантна комбинација и истовремено да се чувствувате удобно и грациозно.

Неодамна манекенката имаше неверојатно успешна соработка со познатиот дизајнер Томи Хилфигер, па сосема беше очекувано таа да продолжи во овој правец.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
821 пати