Џиновски торби се новиот хит
•
7 септември 2019
Во модната индустрија се оди во екстреми. И тоа не е нешто невообичаено. Ако минатата сезона хит беа екстремно минијатурните чанти, сега доаѓа замена во џиновско издание.
Торби со XXL димензии се новиот хит во најава.
Овие гигантски модели, повеќе наликуваат на патнички торби, отколку на секојдневни чанти, но влијателнте модни брендови оваа сезона решија да ги сместат во секојдневието и да им дадат „вообичаен" контекст и покрај нивната необичност.
А свои верзии веќе имаат и најпопуларните, луксузни модни куќи како Луј Витон, Викторија Бекам, The Row, Гучи, Сен Лоран, Ботега Венета, Бербери, Шанел...
Што мислите за оваа XXL тенденција?