Омилениот бренд за чевли на девојките ширум светот има нов модел сандали! По фантастичните сандали со пом – пом додатоците, Едгардо Осорио од Аквазура создаде нов модел со преслатки мини диско топки кои знаеме дека ќе ви се допаднат.

Истите се дел од пред – есенската колекција на брендот, а во неа дизајнерот смести и уште неколку други модели на рамни и сандали со потпетица во неколку фантастични бои.

Новите сандали за кои се предвидува дека ќе бидат хит есенва, тој ги нарече Disco Thing благодарение на стилските и неверојатно елегантни диско додатоци со кои ги украси.

Како и секогаш, талентираниот дизајнер ја замисли жената како танцува до доцна во ноќта, како ги освојува улиците низ кои чекори и го привлекува сето внимание каде и да се појави.

Новите модели на сандали тој ги направи сосема удобни како и секогаш, изработени од мека кожа, а покрај оние на висока потпетица, во колекцијата смести подеднакво прекрасни рамни сандали.

 

Објавено:
4 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.551 пати