Единственото ланче што треба да го имате оваа пролет!

16 мај 2016

Веруваме дека веќе знаете за огромниот „choker“ тренд што повторно ја зафати планетава, откако во 90 – тите години беше едно од омилените парчиња на шик девојките ширум светот.

Не само што ќе го видите во секојдневните комбинации на девојките низ градот, туку истото е и нивен сојузник и во најелегантните пригоди.

Choker ланчето на секоја ваша комбинација ќе ѝ даде секси нота без разлика каков фустан и да одберете.

Бројните светски брендови го нудат во многу варијанти, едноставно црно од фин материјал, кожено, сребрено, со приврзоци, во вид на марама и какво уште не.

Со оглед на неговата популарност, веруваме дека истото ќе биде дел од нашите стајлинзи уште долго време.

Она што девојките го сакаат кај ова ланче е тоа што изгледа навистина добро, секогаш сензуално, елегантно или пак тотално кул.

Истите беа неверојатно обожувани во 90 – тите, а оваа сезона ги фаворизираат голем број светски ѕвезди, трендсетерки и супермодели.

Лили Доналдсон, Аби Ли Кершо, Бела Хадид, Сара Сампајо и Кендал Џенер се само дел од девојките кои покрај нас, сезонава се вљубени во choker ланчињата.

Како ви се допаѓаат вас?

Објавено:
16 мај 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.431 пати