Егзотиката на Африка во новата колекција накит на Frey Wille

20 септември 2013

„Spirit od Africa“ е името на новата колекција накит од познатиот австриски бренд  за аксесоари Frey Wille. Непредвидливата дивина, богатата природа и колоритноста, се главна инспирација за новите обетки, ѓердани и алки кои веруваме ќе ви се допаднат.

За жал овој бренд го немаме кај нас, но затоа тој е распространет со 86 продавници ширум светот и постои од далечната 1951 година. Сафарито и Килиманџаро , ја одржуваат бескрајната енергија и силниот ритам на исконскиот дух на Африка, што всушност е појдовна точна за смислениот  дизајн од уметничките директори на Frey Wille.  Леопард, гепард, зебри и жирафи споени со впечатливи бои во топли тонови, го прават новиот накит уникатен и посакуван од секого.

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци