„Еклектика“ ќе промовира нова колекција накит на 10-ти јуни

5 јуни 2015

Дизајнерското дуо „Еклектика“, зад кое се споени двата уметнички света на Александар Милев и Моника Лозановска, за десетти јуни најавува промоција за својата нова колекција накит насловена „Adorn“.

Сите љубители на рачно изработениот накит ќе имаат можност да ги погледнат новите дизајнерски парчиња во нивниот изложбен простор, што е воедно и нивна работилница, во магичниот амбиент на Капан Ан во Старата скопска чаршија.

Како најава за новата колекција, тие објавија неколку фотографии со парчиња накит од „Adorn“.

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци