Имаме одлични новости од дрогериите Cosmo Tinex!
Луксузниот и уникатен накит на италијанскиот бренд Alcozer&J сега ексклузивно е достапен во Cosmo Tinex Zebra Centar.
Со својата 23-годишна традиција, Alcozer&J изгради врвен статус на стилски и високо естетски накит, наменет за храбри жени со изразена самодоверба.
Во срцето на Фиренца, основачот на брендот Alcozer&J, Џампјеро Алкозер дизајнира накит кој е препознатлив по својата стилска уникатност. Впечатлив уште на прв поглед, дизајнот на накитот е инспириран од класичната уметност, реинтерпретирана во модерен стил. Секое парче плени со висока софистицираност во секој детаљ и ја одразува умешноста на Џампјеро Алкозер во оживувањето на автентични уметнички дела. Во изработката се користат бронза, сребро, полу-драгоцени камења и swarovski кристали.