Американската дизајнерка Амина Абдул Џилал се чини дека ги создаде најпопуларните потпетици за оваа есен!
Тие станаа ултра популарни за многу кратко време, благодарение на неколкуте блогерки кои први ги открија и ги комбинираа во нивните стајлинзи.
Инаку, станува збор за прекрасен модел од превртена кожа со висока потпетица и голема панделка која се врзува околу глуждот.
Дизајнерката Амина Џилал пред дизајнерската кариера била танчарка и настапувала со ѕвезди како Бритни Спирс и Џенет Џексон, по што направила пауза од играњето и целосно се посветила на својот бренд.
Со овој модел таа инстантно ги освои срцата на девојките ширум светот, благодарение на прекрасните бои и панделката како еден од омилените модни додатоци на жените.
Овие прекрасни потпетици досега имаа чест да ги носат Блер Иди, Анабел Флеур, Ејми Сонг, Константина Антониаду, Циси Занг, Монро Стел и бројни други девојки кои се вљубија во истите на прв поглед.
Овој неодолив модел на потпетици доаѓа во црвена, црна, сина, зелена и виолетова боја, а цената е околу 280 американски долари.