Ова лето покажете вистински стил на плажа, со полна самодоверба...
Ексклузивна линија на атрактивни костими за капење е најновото од понудата на нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.
Во естетика која плени и освојува, оваа „Luxury Swimwear" колекција ги спојува сите актуелни тенденции со безвременскиот ЕЛЕНА ЛУКА дизајн.
Резултатот е фантастичен избор на ултра модерни и заводливи костими за капење во неколку стилски различни концепти: секси бикини акцентирани со впечатливи златни синџири, женствени модели кои го привлекуваат сечие внимание со романтичните карнери, трендовски модели во асиметрични кроеви со исечоци кои оваа сезона се хит...
ЕЛЕНА ЛУКА со оваа колекција пред вас отвора бескрајни можности како да се чувствувате убаво, пријатно и секси ова лето на плажа, а притоа и самоуверено во своја кожа.
Покрај еднобојните модели во црна, маслинесто зелена боја, земјени тонови и свежа зелена боја, оваа колекција добива дополнителна нота на шарм и егзотика и преку принтовите со флорални мотиви и секогаш актуелните пруги.
Сите модели од оваа колекција се дизајнирани во кроеви што му ласкаат на женското тело независно од неговата градба, па ваше е само да го одберете дизајнот што одговара на вашиот сензибилитет и што ќе ја крене вашата сигурност и самодоверба.
Совет плус: Комбинирањето костими за капење во секојдневната мода е тенденција која му дава посебен шмек на ова лето. Голем дел од моделите што ЕЛЕНА ЛУКА ги понуди во својата актуелна колекција, може да ги преадаптирате и како топ што може да го стилизирате со шорцеви, панталони и здолништа или да ги носите под вашиот омилен блејзер или кошула.
Клик на www.elenaluka.com и одберете го моделот скроен по ваш вкус.