ЕЛЕНА ЛУКА има нова луксузна линија чанти – воодушевени сме од изборот!

25 јули 2022

Добредојдовте во луксузниот свет на чантите!

Пред Вас е новата фантастична линија чанти потпишана од ЕЛЕНА ЛУКА.

Раскош и гламур спакувани во уникатни дизајнерски чанти што на секој изглед ќе му дадат луксузен финиш.

Деликатната изработка, отмените украсни детали, екстравагантниот дизајн ги прават овие мали уникати сон на секоја дама.

Ексклузивитетот е во автентичноста на секој дизајн, изработен прецизно и внимателно до најситен сегмент.

Од шармот на ориентот до луксузот на елегантната естетика, оваа гламурозна линија вклучува стилски различни чанти во неколку варијанти: клач чанта, плико и мини чанти со кратка рачка.

Разликата ја прават деталите, а оваа нова ексклузивна линија чанти на ЕЛЕНА ЛУКА е совршен пример за тоа.

Совршенството постои и го гледате пред вас.

Комплетната понуда разгледајте ја на онлајн продавницата на брендот www.elenaluka.com.

 

Објавено:
25 јули 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
904 пати