Crossover или Премостување е насловена новата колекција накит на дизајнерката Емилија Дамјановиќ која стои зад брендот Еми Норис, а која ја промовира со интересна фотосесија во соработка со двете модни блогерки Даниела Ѓуровска и Александра Трпеска од модниот блог FashionLab DNA.
Како што вели дизајнерката, колекцијата е наменета за бунтовните, урбани девојки и жени кои не се плашат да бидат свои и да ги поместуваат границите, а се состои од 25 рачно изработени парчиња накит : огрлици, дупли огрлици,алки ,обетки и сетови.
Преку оваа колекција, Еми го поставува прашањето Кога аксесоарот (модниот додаток) престанува да биде додаток и ја превзема водечката улога во модниот израз?
Емилија Дамјановиќ
Оттука и насловот на колекцијата Crossover или Премостување, во смисол премостување на модниот додаток во друга модна категорија и има за цел поместување на границите на накитот како моден додаток .
Инспирирана е од обувките и врвките ,како симбол на постојано движење , патување, акција и желба за промени. Матерјалите од кои е изработена колекцијата се комбинирани, а доминираат врвките за чевли и тоа во најразлични бои и комбинации.
Колекцијата ќе биде изложена на саемот за современа уметност и дизајн Паратисима во Младинскиот Култрен Центар на 12ти,13ти и 14ти јуни 2015. (Тоа ќе биде второ нејзино претставување на овој саем), а потоа накитот ќе биде изложен и во Концепт 37.
Авторката ја посветува оваа колекција на својот брат кој за жал не е повеќе меѓу нас.