Suitcase

Кога се оди на летување, на жените најмногу им се забележува за тоа што носат премногу облека, а со тоа и премногу куфери. Во продолжение следат советите на Сара Валтер, моден консултант за тоа како треба да изгледа еден женски куфер.

1.Постави ред

Работите што сакате да ги носите селектирајте ги и поредете ги на кревет. А потоа бројката преполовете ја половина. Звучи драстично, но верувајте дека едната половина и така нема да ја носите. Она што е важно е да имате комфорна облека, во која се чувствувате удобно и лесно.

2.Што и каде

Размислете за тоа што сè би правеле на одмор ( ќе играте тенис, ќе шетате само, ќе пливате, истражувате...), па во согласност со тоа одберете ги и најважните парчиња за тоа, од шапки до чевли. Сè што нема да ви користи и не е со намена, не го носете со себе.

3. Боја

Погледнете во облеката и одберете парчиња облека што имаат боја што може да се комбинира со повеќе нешта. На тој начин ќе бидете практични, а и значително ќе го намалите бројот на парчиња што првенствено ви биле во план.

4.Чевли на дно

На многумина им е тешко да ги спакуваат чевлите, бидејќи се со неправилна форма и останува многу празен простор. Затоа нив треба да ги спакувате први, на дното, а во празните простори ставете ги кесите со долна облека. Чевлите секогаш ставајте ги во аглите од торбата.

5.Диплење...

Здиплете и свиткајте го секое парче што тоа го дозволува. Но, секогаш од опачината.

6.Мултифунккционалност

Марамите и летните шалови зафаќаат многу малку простор во торбата, а се мултифункционални за на одмор. Искористете ги максимално – како фустан за на плажа, турбан за на глава, или заштита на рамениците од сонцето.

7.Фустани

Нема потреба да носите 100. Одберете неколку. Летото и плажата дозволуваат еден ист фустан да носите и преку ден и навечер. Во дневните комбиации носете го со апостолки, шапка и очила за сонце, додека за вечерните излегувања, комбинирајте го со сандали што се истакнуваат, накит.

suitcase1

8. Костим за капење

Доколку навистина сакате да пливате, тогаш вистинскиот избор е едноделниот костим за капење. Бикините се одлични и можете да земете колку сакате. Мали се, не заземаат многу простор, и иделани се за сончање.

9.Платнени торби

Исто така не заземаат многу простор, можете да си земете неколку, а идеални се и повеќенаменски. Доволно се големи да ставите сè што ви е потребно за на плажа, а и ќе изгледате модерно. Нема потреба да носите масивни чанти, што ниту изгледаат убаво на плажа, ниту се практични.

Објавено:
20 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци