Фантастични модни додатоци инспирирани од архитектура

27 септември 2016

Младиот украински дизајнер Константин Кофта, за кратко време стана познато име во светот на модните додатоци.

Својот бренд го основаше 2012 година во Киев каде започна со изработка на модни додатоци од кожа, истражувајќи ја функционалноста на неконвенционалните форми.

Формите што тој ги креира се инспирирани од мотиви од архитектурата, но исто така од рурални и урбани пејсажи. Понекогаш се работи за композиција од едноставни геометриски форми, но понекогаш Кофта доследно ги пренесува архитектонските мотиви на своите торби и ранци.

Доколку поединечно ги анализирате неговите додатоци, можеби на прв поглед ќе ви се чини дека се изработени од некоја крута ткаенина, па дури и пластика, но сите негови торни и ранци се изработени од кожа.

Со овие негови импресивни креации, тој брзо се прослави низ светот, па сега неговите асесоари се продаваат во светските модни метрополи како Милано, Лондон, Њујорк, Киев...

 

Објавено:
27 септември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
197 пати