Фарел Вилијамс создаде колекција чанти во соработка со Мојна

25 септември 2014

Фарел Вилијамс во соработка со модната куќа Мојна со историја чии корени се поврзуваат со XIX век, создаде капсулна колекција чанти за чиј мотив послужија играчките од детството.

Студиото Мојна своите врати за купувачите ги отвора прв пат во 1849 година и слично како Луј Витон, станале препознатливи по изработката на чанти и куфери. Продажбата функционирала беспрекорно се од 1976 година, а потоа следи тотален колапс, поради што била затворена продавницата во Париз.

Пред три години, Бернард Арнаулт ги превзема работите во свои раце со цел да ја врати старата слава на брендот и да стане јака конкуренција на Ермес. Најново од модната куќа е капсулната колекција на чанти, дело на Фарел Вилијамс каде главниот фокус е ставен на играчките во форма на воз., а продажбата на истите ќе биде од наредниот месец во концептуалните продавници во Париз и Лондон.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци