Fashion Days уште еднаш ги стави во искушение своите клиенти со ограничени колекции на винтиџ чанти

24 септември 2013

 

Fashion Days, водечкиот интернет моден клуб за шопинг во Централна и Источна Европа, повторно им понуди на своите фанови луксузни модели на винтиџ чанти од брендови кои секогаш биле извор на инспирација во модните кругови. Оваа кампања започна по извонредниот успех на неодамна ставените винтиџ чанти од модната куќа Луј Витон кога сите 120 парчиња беа распродадени за само час и половина, вест за која претходно пишувавме.

 

 

Новата винтиџ кампања започна на 21 септември и вклучуваше чанти на најпознатите иконски брендови од светот на модата како : Хермес, Диор, Гучи, Прада, Салваторе Ферагамо, Селин, Бали, Картиер и Луве. Понудата беше валидна само за членовите на интернет клубот на Fashion Days, а времето кое можеа да го искористат клиентите беше три дена. Лимитираната колекција ја промовира пораката за ненадминлива модна класика и го потврдува фактот дека најдобрите работи го надживуваат времето и трендовите и остануваат вечни. Во кампањата беа вклучени 97 чанти кои беа продадени неверојатно брзо.

Објавено:
24 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци