Фенди ја спои модата и хуманоста во неколку чанти

2 мај 2014

fendi-moda-humanost

Тимот на италијанската модна куќа Фенди во соработка со познатите Кара Делевињ, Гвинет Палтроу, Трејси Емин, Адел, Наоми Харис, Џорџија Меј Џегер, архитектката Заха Адид, манекенката Џери Хол и англиската новинарка Кејт Ејди, изработи специјални чанти дизајнирани според нивниот сензибилитет. Сите чанти создадени по инспиративните дами се по повод отворањето на новата Фенди продавница на „Bond street“ во Лондон. Веќе од вчера 1-ви мај чантите се ставени на интернет аукција, а сите собрани финансии од продажбата ќе бидат донирани во добротворни цели за детска компанија која се залага  што повеќе да се врати достоинството на детето.

 

Кон секоја чанта ќе доживеете љубов на прв поглед, зашто секој модел има уникатна симболика кон познатата личност чие име го носи моделот. Па така, онаа на Кара има бела основа од кожа и алудира на улична урбаност, чантата на Адел е повеќе драматична со детали од трепки, таквата на Џорџија е прекриена со шљокици, додека моделот на актерката Палтроу секако и очекувано е класичен и црно бел. Основачката и директорка на Детската компанија Camila Batmanghelidjh вели дека средствата од продажбата на чантите ќе им помогне многу.

-За повеќето деца , торбата на  нивната мајка е ризница полна со добри и забавни нешта . Нашите пријатели во Fendi и нашите поддржувачи создадоа нешто прекрасно на кое сме особено благодарни, завршува Камила.

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци