Флеминг Лондон се претстави со новата линија ранци

8 февруари 2014

Концепт брендот Флеминг Лондон започна со работа минатата година и е направен според замислите на младата дизајнерка Софи Флеминг и нејзината желба да креира кожени ранци кои ќе бидат тренди и практични.

Ранецот кој веќе неколку години наназад е задолжителен дел од модните додатоци на студентите, велосипедистите и планинарите, повторно се враќа на модната мапа и тоа токму преку линијата ранци од Флеминг Лондон изработени од италијанска кожа и тоа во четири различни нијанси: црвена, црна, сина и бела.

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци