Изминатиот период познатиот бренд Клое беше во центарот на вниманието со шик чантите со нивната прва буква C како копче во предниот дел, а се чини Наташа Ремси Леви продолжува да воодушевува.
Дизајнерката на брендот создаде нова фантастична колекција чанти во кои ќе се вљуби секоја девојка во светот, подеднакво стилски како и сè што досега таа направила.
Во колекцијата повторно смести мини чанти кај кои го истакна нивното лого, направени од квалитетни материјали и од имитација на крокодилска кожа.
Се чини овојпат дизајнерката се потсетува на култните модели чанти кои биле најпопуларни низ историјата на брендот, па во оваа колекција смести по некој детал од сите нив.
Во галеријата погледнете ги сите фантастични модели со кои брендот ги честита празниците.