Аксесоарот  што дефинитивно можеме да го прогласиме за обележје на тековната сезона есен-зима е шеширот. Освен што се надополнува речиси со секоја стилска комбинација, од елегантна, боемска и рокерска, истиот важи за уни-секс парче обожавано и од мажи и од жени.

Доколку сте љубители на шеширите, подрагата да го пронајдете омилениот модел не би требало да претставува потешкотија, бидејќи популарните комерцијални етикети нудат различни модели и бои во изобилие.

Извонредно се вклопуваат и во дневните и  вечерни комбинации, на кои им  додаваат урбан-шик завршеток. Освен што одлично ќе ги надополнат Вашите омилени стајлинзи, во истите можете да уживате и кога имате лош ден со косата. Шеширот ќе Ве поштеди од правењето фризури кои слободно може да ги сведете на едноставна плетенка, коњско опавче или ноншалантно пуштена.

Доколу сакате да постигнете ретро нота од стајлингот, тогаш изберете модел со широк обод кој ќе потсетува на 70-тите.  Освен широкиот избор на модели, во согласност со студената сезона и текстурата на шеширите, тие најчесто се во нијанси карактеристични за тековниот период.

Класичниот во црна боја ќе биде идеален за секоја комбинација, но одлично примена ќе најдат и од оние во боја на црвено вино, пастелните и сиви нијанси. Ако сте стимулирани доволно, време е да тргнете во потрага по омилениот!

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци