Голем камбек на сандалите со дрвена платформа

13 август 2014

Вака некогаш изгледаа моделите на сандали со дрвена платформа или потпетица, а ретко која девојка или жена во животот не носела еден ваков чифт сандали. Нивниот статус во модата постојано е лабилен, една сезона се актуелни, а следната не, но сепак оние што имаат свој стилски индивидуализам не ретко ги имплементираат од изгледот.

Topshop Topshop

 

Ваквите модели не се многу нежени и женствени, а понекогаш знаат да бидат и неудобни доколку не сте ги избрале вистинските. Сепак, тенденциите во модата се толку многу флуентни, што воопшто не е изненадувачко дека  идеите се исцрпуваат,  а старите трендови се реинтерпретираат.

Hush Hush

 

Од моменталните летни тенденции за обувки, присутни се многу креативни идеи на светските брендови и дизајнери кои нудат сандали на дрвена платформа и потпетица што  имаат модерна линија и одраз од сегашноста.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци