„Гучи“ ја редизајнираше омилената чанта на Лејди Ди

30 јуни 2021

„Гучи“ периодов се посвети на редизајн на нивни кулни парчиња. После успехот со чантата „Џеки“, доаѓа новиот дизајн од архивата на куќата - омилената чанта на Лејди Ди со бамбусови рачки.

Алесандро Микеле се впушти во креативна авантура создавајќи подобрена верзија на моделот чие лансирање беше пред 20 години.

Стилистката на Лејди Дајана, Ана Харви во една пригода изјави ддека принцезата се откажала од формалностите и кралските правила на облекување, поради што и станала модна икона вредна за восхит.

А дел од нејзиниот стил беше и токму Gucci Bamboo чантата која ја вклучуваше во различни стајлинзи.

Најновата верзија на култната чанта се надоврзува на идејата за флуидноста. Разликата од оригиналот е во кожените ременчиња, прицврстени за рачките од бамбус. Буквите и симболите на ѕвзди можат да бидат втиснати на внатрешната страна за да внесат шарм. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Moeka Nozaki (@moeka_nozaki)

Достапна е во три големини и седум бои, а ѕвездите меѓу кои и Сиена Милер, Алекса Чанг и Ел Фенинг веќе ја имаат во својата колекција, а од странските медиуми велат дека веќе има и листа на чекање за овој старо-нов модел.

Која верзија повеќе ви се допаѓа?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vincent (@vincent_guccigardens)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Official (@gucci)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Official (@gucci)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Official (@gucci)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@dianaourangel)

Објавено:
30 јуни 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.457 пати