Уште кога го лансираа новиот модел очила, Алесандро Микеле и модната куќа „Гучи“ знаеја дека ќе привлечат внимание. Всушност, тоа со сигурност била и една од целите.

Се работи за модел во мачкест облик на рамки - „обратно свртени“ и не поради финта, туку навистина се така позиционирани. И веројатно повеќето мислеа дека ќе заврши на неколку шеговити коментари.

Но, оне. Овој пат веста е дека овие очила се распродадени!

Нивната цена е 755 долари, а во описот се вели дека се работи за неконвенционален модел, инспириран од естетиката на 5о-тите и 60-тите години на минатиот век.

Меѓу оние што се вклучија во пласирање на мислењата беше и една британска оптика „Specsavers“ кои му порачаа на брендот: „ „Гучи“, мораме да разговараме...“, а потоа додадоа уште една фотографија на која напишаа дека ги „поправиле“ очилата

И не се единствените кои упатија порака дека ова што го пласираат не е многу кул и дека е подобро да „ги поправат очилата“ и да се држат до стандардните дизајни. Сепак, очилата се распродадени - кучињата лаат, карванот си врви...

Но, се наметнува уште едно прашање - дали затоа што нешто (ни се ) може да се направи, всушност и треба да го направиме? И од друга страна, дали навистина се' уште постојат, односно колкав е бројот на оние што мислат дека што и да излезе со потпис на светска модна куќа треба да се купи, па колку и да е бизарно, пред оригинално?

Ако ги прашаме „Гучи“, ќе речат - доволен! :)

 

Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
160 пати