„Head over heels“ – дизајнерска колекција чевли
•
5 мај 2016
Македонската дизајнерка Гоца Каникова ја креираше својата прва колекција чевли насловена „Head over heels".
Линијата се состои од 15 пара женствени чевли на високи потпетици украсени со рачно изработени детали со акцент на нитните, украсните пердуви и ремчињата околу глужд – што како детаљ ја поврзуваат целата колекција.
Гоца Каникова
Колоритот во дизајнот на чевлите е богат и варира од интензивни бои како жолта, тиркизна и црвена, се до загасити тонови и пастелни нијанси.