Новата колекција на одличните Parfois за сезоната пролет/лето 2015 се и повеќе од одлични! Како што и очекувавме, тимот дизајнери на брендот повторно понуди шик чанти за кои веруваме дека ќе преовладуваат во комбинациите кај девојките оваа пролет.

Приказната на брендот овојпат се случува во мистичниот и рустикален амбиент на Мароко, како одлична локација за сите девојки кои сакаат колоритни патувања.

Во колекцијата преовладуваат етно мотивите кои прикажуваат шик бои од различни култури од светот. Дизајнерите овојпат се фокусираа на употреба исклучиво на природни материјали, додека палетата на бои е базирана на земјени тонови.

Покрај чантите, во новата пролетна колекција на брендот ќе најдете и марами, кул бохо накит, но и неколку чифта чевли кои се како создадени за чекор кон првите сончеви зраци.

Дека оваа колекција е една од најдобрите досега покажуваат и неверојатните техники што се користени при изработка на чантите кои се комбинација на плетење и употреба на кожа со интересни геометриски принтови.

Токму преку употребата на модерните, шик и богати материјали се доловува единствената софистицираност на новата колекција на Parfois.

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Модни додатоци