Овие уникатни чевли со сигурност би го привлекле вниманието на луѓето каде и кога и да се појавите. Ова се чевли кои се прават со помош на 3Д принтер, каде наместо боја во него не ставаат тенки делови на пластика, метал или дрво, за постепено да се направи футуристичка обувка.

Британските експерти тврдат дека повеќето жени наместо да купуваат чевли во скапоцените бутици, сѐ повеќе ќе се свртат кон принтање во домашна варијанта.

Важна е само идејата и креативноста, но и скромно познавање на програмите за цртање.

Во компјутерскиот програм за дизајнирање, скицирајте ги своите чевли во 3Д модел. Потоа земете мерка на стапалото, кое го внесувате и за неколку минути ќе имате чевли од соништата. Потоа испринтајте ги.

Деловите од пластика поставени се на вентилот на принтерот, кој е поврзан со мал мотор. Кога вентилот ќе се загрее, тој ја топи пластиката и креира облици од програмот на платформата.

Чевлите можат вистински да се носат, но не се препорачливи за подолг временски период.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци