Во 1877 година Антонио Флукс, чевлар од Мајорка заминува во Англија за да ја истражи новата метода за индустриско производство. По враќањето дома ги собрал сите кожни занаетчии и им го покажал новиот начин на сериско производство на обувки. Со текот на времето, љубовта кон создавање на квалитетни обувки се проширило на новите генерации кои исто така воделе сметка при изработката на пред се, функционални чевли.

 

Лоренцо Флукс е роден во фабриката за изработка на чевли, а од својот татко го наследил ентузијазмот за изработка на предмети кои одат во пар и кои го држат човека цврсто на земја. Тој ја продолжил традицијата на неговиот татко, а историските промени во Шпанија во средината на седумдесетите години му овозможиле на внукот на Антонио да ја создаде компанијата Кампер, која прерасна во бренд. Првата продавница е отворена во Барселона во 1981 година, а  од 1992 година започнува интернационалната експанзија на брендот, пред се во светските метрополи, како што се Лондон, Милано и Париз.

Од самиот почеток до денес, Кампер прерасна во моден бренд кој во согласност со животниот стил и промените создава удобни и квалитетни обувки, благодарение на иновативниот дух на четири генерации од семејството Флукс.

Објавено:
8 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци