Италијански чевли со сексапилен дизајн – магнет за супермоделите

23 март 2016

Сексапилниот и модерен дизајн на чевлите на италијанскиот бренд Оскар Тије се магнет за најпопуларните супермодели на денешницата.

 Кендал Џенер, Џиџи Хадид и Миранда Кер се само дел од бројните обожавателки на брендот што е основан во Милано 2013 година, а ги носат буквално во секоја прилика.

Понудата на италијанската модна куќа вклучува колоритни сандали, женствени чевли на високи потпетици, како и сексапилни чизми до глужд и над колена.

Оваа сезона особено се актуелни чевлите инспирирани од еден од најпознатите кракатери од семејството Дизни, Мини Маус насловени „Minnie".

Објавено:
23 март 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.714 пати