Изберете го совршениот шешир за вашиот есенски стајлинг

22 септември 2022

Шеширите се моден додаток кој веќе со векови е дел од гардеробата на многу жени кои го претпочитаат класичниот изглед, или пак едноставно уживаат во нивната елеганција и креативноста која ја нудат во дополнувањето на изгледот.

Некогаш задолжителен дел од секојдневниот стајлинг на жените (и мажите), шеширите денес се моден избор за кој потребно е барем мало познавање на нивната историја за да се постигне правилно стилизирање.

Денес, женските шешири се достапни во огромен број на стилови и различни варијации на истите. Од различни бои и текстури, до различни форми, големини и материјали, секој шешир има моќ да раскаже поинаква приказна, зависно од стилот кој сакате да го постигнете и сезоната во која го носите.

Иако се чини дека најприсутен стил на шешир е сламениот кој нуди заштита од сонце во летните денови, сепак шеширите се особено шармантен моден додаток и во есенскиот период.

Во прилог ви нудиме неколку различни стилови на шешири во кои ќе се вљубите оваа есен.

Федора

Иако генерално важи за мажествен тип на шешир, федората за прв пат била претставена како женска шапка со машки карактеристики во 1883 година, инспирирана од драмата наречена „Федора", создадена од францускиот драматург Викториен Сарду.

Денес, женската федора нуди неодоливо неутрален изглед кој ѝ дозволува да биде дел од секоја гардероба, без разлика на стилот и сезоната. Овој стил на шешир несомнено го привлекува вниманието на вашата фризура, која всушност е она што ќе ѝ даде помалку или повеќе женствена нота на оваа шапка.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Федора со широк обод

Федората со широк обод е несомнено поформална и поелегантна ферзија на регуларната федора. Совршена е за есенските денови во комбинација со елегантен есенски капут или пак плетени џемпери, а истата може да се претвори и во идеалниот моден додаток за вечерни излегувања во спој со елегантни комбинации и долги фустани.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Шешир со полукружна форма (bowler hat)

Познати и како „дерби", капите за куглање се направени од цврст филц во облик на заоблена круна и има краток обод околу целиот обем. Прославени од комичари како што се Чарли Чаплин и Стен Лорел, како и политичарот Винстон Черчил и забавувачот Бој Џорџ, овие капи обично не биле носени од жените, иако биле дел од женската облека во одредени делови на Боливија од 1920-тите.

Денес тие го имаат своето посебно место во женската гардероба, особено кај жени кои сакаат смели игри со стилот и ретро естетиката. Одлично изгледаат во комбинација со есенски капути, предимензионирани кошули и блејзери.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Трилби

Честопати грешно насловени како „федора", шеширите Трилби имаат краток обод, аголни предни рабови, и во предниот и задниот дел се свиткани нагоре. Во минатото, шеширите Трилби исто така биле дел од машката гардероба, но денес не постојат никакви ограничувања од тој тип и тие се многу чест избор на жените, особено како додаток на лежерни комбинации со фармерки, кошули или обични памучни маички.

Со оглед на тоа што овој шешир не е премногу висок во делот на круната, тој не е најдобар избор за жените кои сакаат да ја скријат косата под него. Најдобро стои на слободно пуштена коса.

Фото: Pinterest

 Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Класичен дамски шешир

Иако трендовите секојдневно се менуваат, како и останатиот дел од оваа листа на шешири, така и овој, се бесмртна класика која несомнено наоѓа своја верна публика. Дамскиот шешир можеби не е совршен избор за секојдневни и лежерни прилики, но би било одлично доколку имате барем еден таков во вашиот гардеробер за посебни, формални и свечени прилики. Беспрекорната елеганција на овој тип на шешир ќе му даде дополнителна женсвтена и нежна нота на секој изглед.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.774 пати