Јунаците од цртанот Снупи аплицирани на чантите на Coach

4 јануари 2016

Во чест на 75-годишниот јубилеј, познатиот американски бренд Coach лансираше линија чанти со апликации од јунаците од цртаниот филм Снупи инспириран од култниот стрип „Peanuts".

Благодарение на колоритните и разиграни апликации, класичните чанти добиваат неформален изглед што одлично би се вклопил во уличната мода.

Носталгичниот потег што ги трансформираше класичните модели, ги раскажува авантурите на Чарли Браун, Снупи, Луси и Вудсток за време на нивното патување низ Америка.

Па сега моделите од 70-те и 80-те, „Duffle" и „Crossbody"  имаат нова верзија во црна, црвена и кафеава варијанта.

 

Објавено:
4 јануари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
207 пати
Тагови: 
чанти Coach Снупи