Како да ги одберете вистинските очила за сонце за вас?

23 јуни 2021

Изборот на очила за сонце не е секогаш лесен. Понекогаш одредени модели се модерни, но не сме сигурни дали се вистинските за нас, па поради тоа не се одлучуваме да ги купиме. И обратно, некогаш дури и да не ни прилегаат баш соодветно, ќе ги купиме, затоа што ете, сакаме да имаме нешто тренди.

Пред да ви посочиме која рамка на очила за сонце е најдобра за вашиот облик на лице, да ви кажеме дека без оглед на модните тенденции, најдобри очила за вас се оние кои најдобро ви прилегаат на лицето и тенот.

Во продолжение и мал водич како полесно да го откриете тоа.

Четириаголно лице

-Ако имате лице со изразени агли, тогаш најдобар избор за вас се очила за сонце со кружни рамки, тесни или овални очила за сонце. Нема да згрешите и ако купите очила за сонце со поширока рамка, кои визуелно го издолжуваат лицето.

Тркалезно лице

Очилата за сонце со рамни линии одлично им прилегаат на дамите со тркалезен облик на лице. Вие без проблем можете да ги носите оние ХХL модели, кои многумина ги посакуваат, иако на листата на трендови летово не котираат високо.

Издолжено лице

Во овој случај, важно е стаклата да се големи, а за останатото не морате да се грижите, бидејќи можете да најдете голем избор.

Овално лице

Личностите што се препознаваат во овој опис се вистински среќлии, бидејќи се од оние на кои речиси се' им прилега на лицето. Не постојат ограничувања, затоа можете да имате повеќе различни модели и да си ги менувате.

Крупно лице

За личностите со крупно лице, XXL очилата за сонце се најдобра опција. Со овој избор можете да направите идеална пропорација во однос на лицето.

Ситно лице

Оние пак што имаат ситно лице, најдобриот избор за нив се очила за сонце со мали, тесни но впечатливи рамки.

 

Објавено:
23 јуни 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.100 пати
Извор: 
Cosmopolitan España