biseri

Бисерите, оние скапоцените и вистински, се убави мали „диви“ во вашата кутија за накит, па треба да им дадете соодветно внимание. Секогаш чувајте ги одвоено од останатиот накит и негувајте ги со најдобрите средства за чистење, кои ви се на располагање и ракувајте со нив со големо внимание.

Ако им ја дадете потребната грижа, ќе ги носите со години и тие секогаш ќе изгледаат скапоцено и отмено. Бисерот содржи наслаги на седеф, супстанца слична на забната глеѓ. И како и глеѓта, седефот е мошне чувствителен на различни видови киселини, како оние што содржат парфеми, спреј за коса, сапуни и други козметички препарати.

Затоа секогаш ставајте ги пред излегување, откако комплетно ќе се облечете, нашминкате и направите фризура. Исто така, секој бисер е мошне чувствителен на допир и не треба да се чува покрај останатите скапоцени камења или метал, остри линии, затоа што може да се оштети. Бисерниот ѓердан или алка чувајте ги во посебна преграда, фиока или кесичка од најфин материјал. А бидејќи бисерите со текот на времето можат да ја соберат маснотијата од вашето тело и да се извалкаат, треба повремено да се избришат со еленска кожичка.

Никако немојте да ги миете. Иако се создаваат вода, сепак откако ќе се оформат, водата не им годи. Ако водата успее да продре во местото каде што се избушени, ќе предизвика оштетување.

Кога ги чистите бисерите можете многу кусо да ги потопите во ацето, затоа што, за разлика од амонијакот или оцетот, ацетонот нема да ги оштети. Бисерите не трпат ниту топлина, па кутијата во која ги чувате нека не биде диретно изложена на сончеви зраци.

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци