Фармерките со широки ногавици - прави, со фалти или пак ѕвонарки, сеедно - тие се актуелен моден хит.

Секако дека патиките се секогаш добар избор со фармерки, но со оглед дека ни доаѓаат се' потопли денови, во продолжение ќе видите на кои три модела обувки ќе можете да им дадете предност кога следниот пат ќе сакате да направите пролетна модна комбинација.

Сандали со потпетица

Не мора да е многу висока потпетицата, но сепак ќе биде доволна за да ја издолжите ногата уште повеќе. Со неутралните нијанси не можете да згрешите, тие се вистински хит и лесно ќе можете да ги најдете во продавниците

 

Чевли со широка потпетица

Одличен избор доколку можете да носите фармерки на работа, овие чевли ќе придонесат за деловна нота. Дали ќе одберете класичен модел со шпицест врв или пак со аголен, дали ќе одберете впечатлив принт или боја - оставаме на вас. Вклучете ја креативноста.

 

Влечки

Тука пред се' мислиме на рамните модели, но доколку не сте многу високи, а носите џинс со широки ногавици, тогаш одберете влечки со средно-висока потпетица. Нема да згрешите ако се одлучите за рамни сандали или балетанки, особено ако имаат елегантна нота, ќе ја направат вашата комбинација поинтересна.

 

Во продолжение погледнете ги примерите за инспирација:

 

Објавено:
12 мај 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.126 пати