Канадски бренд создава кожени чанти и паричници од лушпи од јаболка

25 ноември 2019

Салима и Самара се две сестри кои денеска живеат и работат во Канада. „САМАРА“ е името на нивниот бренд кој создава мини чанти и паричници од веганска кожа. Салима го започнува брендот во декември 2017 година, како последица на тоа што никаде не можела да најде едноставна, елегантна чанта, а изработката да не вклучува злоупотреба на животни. 

сестрите Салима и Самара; фото: samarabags.com;

Го именува по нејзината сестра Самара , а двете ја водат компанијата во чест на нивната мајка која починала неколку месеци пред да започне компанијата да работи. 

Денеска брендот произведува повеќе од 70.000 чанти годишно. 

Инаку, Салима до полнолетство живее во Кенија, а пред да го основа брендот, го создава иновативниот производ „Соларен ранец“ за децата во Источна Африка. Се работи за ранец на кој има и соларен панел.

„Со оглед дека децата во текот на целиот ден ги носат ранците, тој ќе собира светлина, со што тие потоа ќе можат да ја работат домашната задача без керозин“, вели Салима.

Дел од профитот што модниот бренд го остварува оди токму за поддршка на оваа иновација, што вклучува и вработување на жени од Кенија за да го изработат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Soular (@thesoularbackpack) onOct 17, 2017 at 1:12pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Soular (@thesoularbackpack) onOct 8, 2017 at 11:11am PDT

Покрај овој ранец, нивното главно производство се сведува на чанти и паричници од таканаречена веганска кожа. 

„Нашата цел е „САМАРА“ еден ден да изработува производи комплетно од растенија, да бидеме комплетно одржлив бренд. Почнавме со експериментирање со лушпа од кокос, од ананас и покрај тоа што успеавме да создадеме ткаенина, го немаше квалитетот што сакавме да го постигнеме. Но, имавме среќа што пробавме и со јаболка. Најмивме една мала фабрика во Европа, која ни изработува кожа од јаболка, поточно од лушпите од јаболка, по пат на рециклажа, и токму од тој материјал е изработена нашата чанта „Мини“. Веруваме дека убавата мода не мора да биде по штета на природата. Нашата цел е да обезбедиме производи и материјали кои што се еко, одржливи и без било каква суровост кон животната средина. Не користиме дури ни ПВЦ, што се смета за вегански материјал“, објаснуваат сестрите на нивната веб страна.

фото: samarabags.com

фото: samarabags.com

Инаку, една мини чанта, односно би рекле паричник, како на фотографијата погоре чини 50 долари.

фото: samarabags.com

фото: samarabags.com

Секоја чест за идејата, реализацијата и свесноста со која работат!

 

 

Објавено:
25 ноември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
572 пати