Ќе посакате веднаш да ги имате: Шик обувки за совршени пролетни комбинации

7 април 2021

Нови пролетни модели во продавниците на Елена Лука!

Од чевли никогаш доста -  со тоа веруваме ќе се согласат сите жени!

 

Домашниот бренд Елена Лука одлучи да ја направи оваа пролет уште поубава, лансирајќи нови модели на обувки, како создадени за деновите што претстојат!

Следејќи ги потребите на жените, тие пласираат обувки за сечиј сезибилитет и моден вкус.

Ако носите рамни обувки, тогаш масивните мокасини кои совршено ќе се вклопат и во вашиот деловен, но и секојдневен стил, ќе бидат совршен избор.

Црни мокасини: 2.800 денари;

Доколку пак сакате да споите удобност и елеганција, тука се фантастичните сандали во розова нијанса, која секоја жена која следи трендови ќе ги посака.

Розови сандали: 2.600 денари; 

Од друга страна пак, доколку сте љубител на сандали и високи потпетици, сандалите од кадифе ќе ве освојат уште на прв поглед.

Црвени кадифени сандали: 2.400 денари;

Црни кадифени сандали: 2.400 денари; 

За оние кои сакаат да се чувствуваат секси и моќно, тука се сандалите со детали од штрас односно украсни камчиња, кои ќе ја направат секоја комбинација впечатлива и доминантна.

Беж сандали со украсено ремче: 2.600 денари; 

Розови сандали со ремче од штрас: 2.600 денари;

Сребрени сандали со ремче од штрас: 2.600 денари;

А влечките пак се едни од најпопуларните и најбараните модели сезонава, па овие во сребрена металик нијанса ќе бидат одлични за бројни комбинации.

Сребрени влечки со ремчиња: 2.600 денари;

Со овие нови модели, од Елена Лука успеваат да ги обединат елеганцијата, женственоста, практичноста, удобноста и секако квалитетот!

Ова е само еден од новитетите кои ќе ја збогатат оваа модна пролет.

Од етаблираниот домашен бренд најавуваат дека љубителите на модата наскоро ќе имаат можност да уживаат и во нова, главна колекција за актуелната сезона, а за истата во Турција се изработува и колекција на чевли и чанти, со уникатен впечатлив дизајнерски израз и естетика.

Покрај Македонија, новите парчиња ќе бидат наменети и за светски пазар.

Но, додека сме во исчекување на нова доза Елена Лука мода, кликнете на нивната онлајн продавница и побрзајте да имате некои од новите модели, за кои веќе владее голем интерес.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

 

Новите пролетни модели се достапни и во продавниците во Капиштец, ГТЦ на први кат и населба Аеродром, што е причина повеќе да ги посетите - ве чека комплетно шопинг искуство, со парчиња за сите генерации и препознатлива модна естетика!

 

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
794 пати
Тагови: 
Елена Лука