Ќесичка за чипс? Не, ова е новата „ит“ чанта за 2014!

8 јануари 2014

Нова година, нова „ит“ чантичка, но овојпат позабавна од кога и да е. По шокантните чанти што наликуваа на ќеси за отпад на дизајнерката Џил Сандер, младата Ени Хиндмарх ни носи ултра забавни мали чантички под името „Crisp Packet“.

canti-cf

Истите наликуваат на ќерички за чипс во металик бои, но сепак изгледаат некако шармантни и сосема забавни за нашите комбинации.

Оваа оригинална идеја на младата дизајнерка ги воодушеви модните уредници на магазините ширум светот, а особено уредничката на магазинот LOVE, Лулу Кенеди која веќе се појави на еден настан со оваа чантичка.

Иако можеби на прв поглед изгледа како да не треба да и се придава никакво значење, веруваме дека оваа чантичка ќе стане висински хит кај трендсетерките.

Истата може да ја набавите по цена од 1.600 долари и тоа во три бои: златна, сребрена и металик сина, а вредно за споменување е и нејзината пространа внатрешност совршена за вашите работи.

Како ви се допаѓа оваа чантичка, би ја носеле ли вие ?

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци