Колекција долна облека на Rococo Dessous изработена од 24 каратно злато

5 јули 2013

Златните и сребрените мотиви во последниве години станаа мотив и инспирација на многу модни дизајнери и заштитен белег на многу модни куќи. Идејата да се користат овие мотиви најчесто е резултат на оригиналност и широкиот дијапазон на можности кој дозволува единственост во креирањето. Модната куќа Rococo Dessous прифаќајќи го тој концепт, ја надмудри инспирацијата на вечната класика.

 

 

 

Комплетите се според модели на Кралицата Александра, Марија Антоанета и Клеопатра, а во везот е вметнат златен конец кој содржи 24-каратно злато. Секој од сетовите на долна облека го носи името на дамата од кој што е инспириран. Постојат две варијанти на креирање и тоа: злато на злато и злато на црна боја. Комплетите се така изработени да не може металот да има директен допир со кожата, со цел да се заштити клиентот од алергиски и слични несакани реакции. Долната облека е неверојатно удобна за носење, секси и што е најважно може без никаков проблем да ја перете во машина.

 

 

Колекцијата од 24-каратно злато на долна облека се продава по цени од 3000 до 6000 долари, парче, а е достапна во лимитирано издание преку приватни средби во одредени реномирани бутици. Ако клиентите се решат да платат повеќе од регуларната цена тогаш можат да добијат комплет долна облека која ќе биде украсена по нивни вкус.

 

 

 

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци