Колоритни сандали што ги обожаваат трендсетерките!

21 јули 2015

Доколку барем еднаш дневно имате можност да погледнете што е ново на Инстаграм, тогаш сигурно сте ги виделе и ИТ сандалите за ова лето!

Откако истите почнаа да ги носат и најголемите светски трендсетерки меѓу кои и Насиба Адилова, повеќе од сигурно беше дека тие ќе предизвикаат вистинско лудило.

Креативната грчка дизајнерка на чевли Елина Линардаки, ова лето на сите девојки им овозможува да чекорат удобно во нејзините колоритни, шик сандали за кои побарувачката е огромна.

Во продажбата на истите дефинитивно ѝ помогнаа и бројните девојки зависнички од модата кои на социјалните мрежи постојано објавуваат комбинации со нејзините сандали кои се вистински празник за очи.

Она што е супер, е тоа што креативната Елина прави сандали по нарачка, односно се води од вашата фантазија и создава неверојатно уметничко дело.

Сите модели на сандали можете да ги најдете на нејзината веб страница, а цените се движат од 80 па сѐ до 150 евра.

Најпопуларниот модел сандали е Penny Lane – гладијаторки украсени со колоритни мали топчиња од волна и безброј траки во свежи, летни бои. Погледнете некои од моделите!

 

Објавено:
21 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.878 пати