Костими за капење и принт со точки – омилен летен спој за на плажа

26 јуни 2018

Принтот со точки летово е присутен во секој сегмент во актуелнте тенденции – точки на романтичните фустани и кошули, точки на еспадрилите и сандалите, точки на чантите и очилата за сонце, а најпопуларна е комбинацијата на омилените костими за капење со точкаст принт.

Ако годинава најактуелни се асиметричните и ретро кроевите кај костимите за капење, тогаш во однос на принтовите, точките се на врвот на листата.

Овој принт е присутен во различни варијанти, од најпрепознатливата црно-бела комбинација до шарен ситен принт.

Одвоивме неколку симпатични модели на костими за капење од понудата на „high street" брендовите, за инспирација доколку сте во потрага по нов модел за оваа летна сезона.

 

 

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
494 пати