Најпрестижниот настан Royal Ascot што секоја година традиционално се одржува во Кралството Британија оваа година треба за почне на 17 јуни и ќе трае се до 21 јуни. Станува збор за популарниот ден на дамите, настан на кој му претходат и трки со коњи, а учество и присуство можат да земат само членовите на кралските семејства и дел од познатите личности.

Припадниците на аристократските семејства со нетрпение го очекуваат случувањето на овој настан поради фактот што и Кралицата Елизабета II секоја година е присутна на оваа манифестација. Сите кралски дами сакаат да дознаат која боја ќе ја одбере Кралицата за нејзиниот аутфит, бидејќи според традицијата таа ќе биде и трендовската боја со која и тие ќе се појавуваат преку целата година.

Покрај ова, друг особено интересен факт е што дамите мораат да носат шапки како задолжителен дрес код на свеченоста. Низ годините имаше вистинска плејада на класични, елегантни, модерни, смели, смешни и инвентивни шапки кои дефинитивно заслужуваат внимание. Стилистите велат дека настанот наликува на слаткарница која е вистинска палета на 50 нијанси на шапки чии форми, облици, украси и бои претставуваат експериментални трансформации, за да може секоја дама да ја нагласи својата автентичност. Затоа денес, ви правиме кратка ретроспектива  на највпечатливите шапки кои дефинитивно ќе ви се допаднат.

 

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци