Креативност во изолација: Уметницата Буба Солак креираше рачно насликани ланчиња што ќе ве воодушеват

10 април 2020

Ако до сега не сте станале член на креативната онлајн група: Креативница, тогаш време е тоа да го направите.

Креативци, уметници и ентузијасти во оваа виртуелна работилница секојдневно споделуваат магични, рачно изработени уметнички дела (секако во домашни услови). Некои од нив аматерски, некои совршено дефинирани, но сите изработени со голема љубов и посветено внимание.

Меѓу нив, денеска и познатата македонска уметница Буба Солак нè воодушеви со неколку парчиња рачно насликан накит, што го направила во домашни услови деновиве, во време на изолација.

Се работи за двострани ланчиња изработени со сликарско платно и акрилни бои. Постапката на изработка може да ја видите на фотографиите во продолжение.

Љубов се, зарем не?

#седисидома

 

Објавено:
10 април 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
709 пати