Кристина Арнаудова создаде шик колекција чевли!

20 април 2015

Македонската рок дива Кристина Арнаудова, ја најавува првата колекција чевли во соработка со кумановскиот бренд Шевро.

Истата ќе биде промовирана во среда во 19 часот во продавницата на брендот P.S Fashion во трговскиот центар Сити Мол.

Како што неодамна изјави во интервјуто за Fashionel, како и повеќето други девојки и таа е опседната со купувањето чевли за кои ќе каже дека се најбројни во нејзиниот плакар.

„Веројатно сите жени се опседнати со чевли, за среќа јас од скоро имам зад мене луѓе што ми изработуваат чевли, а тоа се Шевро од Куманово. Тие прават чевли по моја мерка и по моја визија и јас сум пресреќна за тоа. Чевли купувам секогаш, па дури и кога знам дека повеќе немам каде да ги ставам. Сепак, кога влегувам во некоја продавница, прво одам кај чевлите и веројатно ми се фетиш, а имам многу чифта чевли што сум ги облекла само еднаш“, вели Кристина за Fashionel.

Таа не е првата македонска пејачка што лансира сопствена колекција на чевли. Пред неколку години, пејачката Дани Димитровска ја лансираше колекцијата My Way составена од чизми и чевли во нејзин стил.

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци