Култниот „Star Wars“ во фокусот на модните рефлектори

5 мај 2014

Во пресрет на седмото продолжение од култната вселенска сага, филмот што никогаш нема да излезе од мода „Star Wars“, класичниот бренд за чевли Vans, објави колекција обувки инспирирани целосно од оваа ѕвездена приказна. Се чини дека топлата сезона ќе ја разгазиме со Лук Сакјвокер, Јода, Дарт Вејдер и многу други ликови кои дефинитивно ќе го обојат летото, но и ќе презентираат сосема кул и лежерни модни визии.

Линијата ќе вклучува различни стилови, изгледи, форми и принтови на патиките. Покрај обувките колекцијата ќе ја збогатат и капи, маици, ранци и чорапи . Особено интересен моден момент што е доказ за креативниот набој на дизајнерите е вметнувањето на хавајскиот принт на дел од обувките со што колекцијата добива една свежа и колоритна димензија и ја прави да изгледа неодолива.

Не е прв пат галактичката приказна да послужи како инспирација за изработка на одредена колекција. Имено, на изминатата модна недела во Њујорк, главната одлика на креациите на модниот бренд Родарте беше токму персонификацијата на ликовите и облеката од култниот серијал.

Родарте Родарте

Во комбинација со чевлите на Vans и дизајните на Родарте ќе имате целосно ѕвезден аутфит.

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци