Културолошки микс во линијата аксесоари на Нина Ричи

14 август 2014

Миксот од различни национални обележја и култури е успешно проткаен низ аксесоарите од Ресорт линијата за 2015  на Нина Ричи.

Дизајнерот од модната куќа,  Питер Копинг, при осмислувањето на колекцијата модни додатоци се инспирирал од 125-годишнината на National Geographic, што резултира со аксесоари во кои се препознава духот и печатот на различни култури.

Покрај егзотичниот предзнак, колекцијата е исклучително женствена и елегантна, што во суштина е и типично за колекциите на Нина Ричи.

„Ние знаеме каква е париската жена во контекстот на домашниот терен, но каква е надвор од Франција?“, прашува дизајнерот и истовремено одговара со линијата аксесоари.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци