Иако чинат многу пари и се направени од пластика со висок сјај, модниот свет полуде по чантите на Шанел инспирирани од лего коцките. Плексигласните плик-чанти со големо лого на брендот најверојатно се едни од најпосакуваните парчиња за сезоната пролет-лето 2013. Светските ѕвезди уште по првото претставување на колекцијата ги засакаа и редовно ги носат овие атрактивни, иновативни и секако впечатливи чанти. Лего чантите доминираат и во модните едиторијали и на фотографиите со улична мода. Карл Лагерфелд продолжува да го илустрира своето врвно чувство за уметност и духовитост креирајќи модел по кој лудуваат Рита Ора, Ли Лезарк, Ана Дело Русо и Даен Кругер.

 

Чантата со интересен геометриски ефект чини околу 6.000 фунти Чантата со интересен геометриски ефект чини околу 6.000 фунти

 

 

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци