Дизајнерите на модната куќа Кристијан Лубутан ја искористија фразата „Би убила за тие чевли“ во нивната нова пролет/лето 2016 кампања која изгледа подобро од кога и да е.

Имено, тие создадоа „вистинска“ сцена на убиство каде се наоѓа една девојка која навидум е жртвата, во соба каде влегува агентот на Лубутан облечена во супер шик комбинација со парчиња од брендот.

Таа ја испитува слугинката која се нашла во хотелската соба која носи неверојатно добри розови Лубутан потпетици.

Низ целото видео се провлекуваат одличните нови модни додатоци на брендот, почнувајќи од нивните фантастични чанти, потпетици, паричници и што уште не.

Во продолжение, погледнете го интересното видео едноставно наречено „Кој ја уби Амазула?“

 

Објавено:
20 јануари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.342 пати