Бруно Маљи е италијански бренд кој дизајнира и произведува чевли и модни додатоци. Етикетата е основана во 1936 година и ужива слава на меѓународно ниво, благодарение на класичниот модерен стил кој го негува во изработката на моделите и изборот на најквалитетни материјали.

 

Најновата зимска колекција на Бруно Маљи беше промовирана на 22 февруари во рамките на Миланската модна недела. Креативниот директор Макс Кибардин обожава да меша егзотични бои на кожа и крзно, а негов заштитен знак се скапоцените детали и украси што ги вметнува во самиот дизајн на моделот.

Погледнете ја луксузната колекција на обувки:

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци